Search

Згазена мечка на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево

Младо мече на возраст околу 2-3 години утрово било најдено во близина на коловозот од магистралниот патен правец Гостивар-Кичево. Младата мечка е најдена во непосредна близина на излезот од Гостивар до паркингот кај Здуњски мост. Случајот бил пријавен во полиција и во Инспекторатот за земјоделие шумарство и водостопанство по што ќе биде појасно како дивото животно се нашло во непосредна близина на населено место.
Засега не е познато дали на мечката налетало товарно возило или патничко возило.
Треба да знаете
Последни објави