Search

„Звуци на културата“ во Ѓорче Петров

Од денеска до недела, во паркот во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи манифестацијата „Звуци на културата“. Покрај настапи на домашни пејачи и на играорни групи, во недела бесплатно во отворено кино ќе се прикаже филмот „Господ постои, името и е Петрунија“. Ќе има и детско катче,, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, забавен парк, локални производи и деликатеси, како и настап на баскер артисти.

„Направивме еден спој на младост и искуство, со програма за сите генерации. Културната манифестација ќе има и хуманитарен карактер, односно во сабота, од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе огранизираме крводарителска акција“, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На „Звуците на културата“ ќе настапат Ефто Пупиноски, Наум Петрески, Нокаут, Дац и Александар Митески, Силви Бенд со мјузиклот „Ромален“ и диџеите C2.

 

Треба да знаете
Последни објави