Search

“Звуците на Чаршијата“ се најдобриот промотор на вредностите кои ги поседуваме

Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу: Звуците на Чаршијата промотор на вредностите кои ги поседуваме, но и на соживотот за здрава иднина на нашата земја. Скопје во фантастична атмосфера ги доживува емоциите кои ги пренесува културната манифестација “Звуците на Чаршијата” 13-ти пат по ред! Вистински спектакл создадоа sвездите на музичката естрада: Dafina Zeqiri, Тамара Тодевска, Yll Limani, Lumi B и DJ Elektron. 

Во неговиот говор, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу меѓу другото истакна: “Звуците на Чаршијата се најдобриот промотор на вредностите кои ги поседуваме, но и на соживотот за здрава иднина на нашата земја. Токму заради ова причина, заедно со претседателот на Град Скопје Петре Шилегов, директорката на Културниот Информативен Центар г-ѓа Сермине Пурини и многу домашни спонзори се погриживме за организацијата на овој важен културен настан за на нашите плоштади звуците на убавата музика и ремек делата на културата да ја оживеат нашата душа и да не соединат околу убавото.”

Треба да знаете
Последни објави