Search

Зверев не изгуби сет, трет пат во првите две кола на гренд-слем турнирите

Седмиот светски рекет, Александер Зверев утрово го победи Егор Герасимов од Белорусија со 3-0, по сетови 7:6, 6:4 и 7:5.

Зверев се пласира во третото коло на Австралија опен. Во првите две, тој не загуби сет.

За Германецот кој во Мелбурн го игра 19. гренд-слем, ова е 12 пласман во третата рунда и само трет без загубен сет.

Покрај тоа, во дуелот со Герасимов во второто коло, Зверев не направи ниту една двојна грешка. Во првите четири натпревари од сезоната тој имаше вкупно 35.

Претходно, Зверев на УС опен 2018 и Вимблдон 2017 имаше максимален учинок по првите два меча.

Треба да знаете
Последни објави