Search

Зверев загуби од Шаповалов, Надал лесно против Манарино

Рафаел Надал без многиу проблеми се пласираше меѓу најдобрите осум тенисери на Австралија опен, откако со 3:0 во сетови беше подобар од Адријан Манарино од Франција. Мечот траеше 2 часа и 43 минути, а интересно е дека само првиот сет беше 1 час и 22 минути, додека останатите два завршија за пократко време.

Двајцата тенисери ги добиваа своите сервиси во првиот сет и мораше да се игра тај-брејк. Во таква ситуација, Манарино имаше дури четири сет топки, но Надал постојано успеваше да го добие поенот за да се спаси. На крајот, Шпанецот го доби првиот сет во тај-брек со 16:14. Историски беше овој тај-брејк затоа што траеше неверојатни 28 минути!

Откако беше скршен отпорот на противникот, во вториот и третиот сет, Надал лесно се справи. Во вториот сет направи два брејка и лесно го доби сетот со 6:2, а интересно е што иако Надал загуби еден свој сервис во третиот сет, имаше дури три брејка и на крајот повторно без многу проблеми беше подобар со 6:2.

За Надал ова е 14-то учество во четвртфиналето на Гренд слемот во Мелбурн. Негов следен ривал ќе биде Денис Шаповалов кој успеа со 3:0 о сетови да го елиминира третиот носител Александер Зверев и тоа со 6:3, 7:6(5) и 6:2 по сетови.

Канадскиот тенисер за прв пат ќе игра во четвртфиналето на Австралија опен и таму ќе треба да се справи со Надал.

Треба да знаете
Последни објави