Search

Зверев експресно до осмина-финалето, Беретини се спаси од елиминација

Матео Беретни, седмиот носител на Австралија опен, во маратонски меч против Карлос Алкараз успеа да се пробие во осмина-финалето. Четири часа и 13 минути му беа потребни на Беретини да го скрши „малиот Надал“.

Беретнини го победи Алкараз, 31. на АТП-листата, со 6/2, 7/6, 4/6, 2/6, 7/6 (10:5). Искуството на Беретни пресуди во овој меч. Младиот Алкараз ги загуби првите два сета, успеа да се врати во мечот, но потклекна во супер тај-брејкот.

За разлика од Беретнини, Александер Зверев без проблеми дојде до осмина-финалето.

Германецот за два часа игра славеше победа над Раду Албот од Молдавија. Зверев победи со 6/3, 6/4, 6/4.

Зверев во наредната рунда ќе игра против Денис Шаповалов, кој во четири сета беше подобар од Рајли Опелка.

Треба да знаете
Последни објави