Search

Збогум Кими: Ким Кардашијан се разведува од Канје Вест

Ким Кардашијан во петокот поднесе барање за развод од раперот Канје Вест, објавија американските медиуми.

Двојката е во брак речиси седум години и има четири деца заедно.

Веста, која најпрво беше објавена од „ТМЗ“, веб-страница со вести за селебрити-личности, доаѓа по неколкумесечни шпекулации  за брачните тешкотии низ кои поминуваат Ким и Канје.

Извештаите во американските медиуми укажуваат дека ријалити-sвездата Ким (40), побарала заедничко правно и физичко старателство над нивните деца. Ниту еден од нив двајца не коментирал јавно досега.

Двојката е меѓу најпрепознатливите sвезди во светот, и двајцата успешни во своите кариери.

Треба да знаете
Последни објави