Search

За 90 дена се одложува забраната за „Хуавеј“ за набавки во САД

Американскиот министер за трговија Вилбур Рос изјави денеска дека американската влада ќе ја продолжи привремената лиценца на „Хуавеј“ за уште 90 дена, дозволувајќи и на кинеската компанија да купува делови од американски производители за да може да ги сервисира постојните клиенти.

„Хуавеј“ добива продолжен грејс период и покрај тоа што скоро 50 нејзини филијали се додадени на американската економска црна листа, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави