Search

За 5 минути подгответе здрав појадок

Започнете го денот со квалитетен и вкусен оброк, кој можете да го подготвите за само неколку минути…

Состојки

– ½ шолја овесни снегулки

– ½ јаболко

– 1 супена лажица путер

– прстофат цимет

– 1 супена лажица путер од кикирики

– ¼ шолја јогурт

– кикирики

– сол

Подготовка

Во тавче загрејте го путерот, па додадете ги парчињата јаболко, цимет, и прстофат сол. Запржете ги јаболките додека да станат меки (околу три до пет минути). Тргнете ги од огнот и ставете ги на страна.

Потоа во тавчето ставете ја овесната каша и малку запржете ја.

На крај, во сад ставете ја овесната каша, помешајте ја со путерот од кикирики, ставете ги и јаболките и прелијте со јогуртот и поспипете со кикирики по желба.

Нутритивна вредност

Калории: 501

Протеини: 17 гр

Јаглени хидрати: 49 гр (8 гр влакна)

Масти: 28 гр.

Треба да знаете
Последни објави