Search

За 415,3 отсто зголемена вредноста на договорените градежни работи во странство

Вкупно 4.001.194.000 денари изнесува вкупната вредност на договорените градежни работи во странство за периодот јануари-март годинава што 415,3 отсто зголемување во споредба со истиот период лани.

Според Државниот завод за статистика (ДЗС), во наведениот период градежната оператива од земјава во странство извршила градежни работи во вредност од 48.065 илјади денари што е за 81,4 отсто помалку во споредба со истиот период во 2018-та.

-Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршување на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Германија, објаснува ДЗС.

Треба да знаете
Последни објави