Search

За 24 часа регистрирани два случаја на незаконско исфрлање медицински отпад

Во текот на вчерашната ноќ и денешниот ден, екипите на ЈП “Комунална хигиена”-Скопје регистрираа два случаја на незаконско одлагање медицински отпад во контејнерите поставени на булеварот Македонија (поранешен Јужен булевар).

Еко-патролата, во координација со комуналните редари на Град Скопје и Државниот санитарен инспекторат, ги отстрани садовите врз коишто беше извршено темелно чистење и дезинфекција.

ЈП “Комунална хигиена”-Скопје апелира до правните субјекти, коишто во рамките на својата дејност создаваат медицински отпад, истиот да не го исфрлаат во садовите поставени на јавни површини, затоа што на тој начин го загрозуваат здравјето на вработените во Претпријатието и ја контаминираат непосредната околина.

Треба да знаете
Последни објави