Search

За Јувентус во последните девет меча се досудени седум пенали

Бура од рекации во италјанската фудбалска јавност по ремито на првиот полуфинален натпревар меѓу Милан и Јувентус (1:1). Актуелниот шампион Јувенстус избегана пораз во последната минута со прецизно изведен удар од белата точка на Кристијано Роналдо.

Од почетокот на годинава – 2020, Јувентус има одиграно девет натпреаври, а во негова полза се досудени седум пенали и сите се претворени во погодоци.

Последниот прецизен удар од белата точка за „старата дама“ донесе реакции, бидејќи Милан се жали дека е престрого досуден. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, вели дека на почетокот на сезоната судиите јасно објасниле дека ваквите ситуации нема да бидат санкционирани со пенали, но синоќа беше досуден удар од 11 метри за Јувентус.

Фудбалската јавност е категорична дека досудениот пенал за Јувентус не е ништо необично, бидејќи италијанскиот првак според нив е претплатен да добива редовно кога му се потребни удари од белата точка.

Треба да знаете
Последни објави