Search

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

За специјалната обвинителка Катица Јанева која вечерва замина во истаржниот затвор „Шутка“ нема да има место во реновираното „хашко одделение“. Таму веќе е сместен првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, но не и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, кои веќе одработуваат втор 30-дневен притвор за „Случајот Рекет“. Во „Шутка“ важи правилото прв дојден прв услужен, а не со титулите со кои пристигнуваат притворените лица.

Како дознава „24инфо“ од извори во затворот „Шутка“ од безбедносни причини Јанева нема да може сигурно да биде во „хашкото оделение“. Какво сместување ќе добие првата специјална обвинителка за гонење на организираниот криминал Јанева, која по вчерашниот распит стана осомничена, оти и самата се вплеткала во криминалната мрежа со злоупотреба на службената положба, ќе одлучи затворската служба задолжена за редот и безбедноста на притворените во истражниот затвор.

Јанева заминува за „Шутка“ откако судија на претходна постапка во кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот за триесетденвен притвор на специјалната обвинителка Катица Јанева, Таа вечерва ќе преноќи во „Шутка“, а утре ќе и биде овозможено во придружба на затворската полиција  да присуствува на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, кој утринава ненадејно починала.

Треба да знаете
Последни објави