Search

За што служи малиот преден џеб на фармерките?

Веројатно не постои човек кој не се обидел да го протне телефонот во оној мал џеб кој се наоѓа на предниот дел од фармерките. Но, неговата намена не е да собере телефон, туку нешто сосем различно.

Малиот преден џеб од фармерките постои многу одамна, скоро два века пред да се појават смартфоните.

Според најпознатиот производител на фармерки, американска компанија  потеклото на овој помошен џеб датира уште од времето на 1800-тите, кога каубоите ги носеле нивните часовници на ланец прикачен за елекот.

За да го спречи нивното кршење,тие решиле да го воведат овој мал џеб, кој е доволно голем за да собере часовник. Оттука потекнува и терминот „џебен часовник“.

Треба да знаете
Последни објави