Search

За што најчесто се расправаат паровите пред да раскинат?

Иако кавгите се составен и неизбежен дел од секоја врска, постојат и такви кои се сигнал дека нешто дефинитивно не е како порано. Повеќе не се расправате околу тоа кој подарува повеќе внимание или како некој од вас се однесувал лошо во друштвото – сега вашите кавги се водат околу многу покомплексни проблеми кои можат да ја загрозат вашата врска.

Доколку вашите кавги се сведуваат на некои од овие проблеми, можеби е време да бидете спремни за крај на врската.

Секс

Паровите кои не се задоволни од својот сексуален живот, најчесто се трудат да го променат тоа, но ретко имаат расправии на таа тема. Повеќето молчат и се трудат повторно да ја разбудат страста.

Но, кога таквиот труд ќе изостане и ќе забележите дека вашиот партнер е речиси секогаш уморен или дека нема време, ова станува тема број 1 на секоја ваша кавга. Доколку страста повеќе ја нема и наместо да се сакате, вие постојано се расправате, можно е крајот да е пред вратата.

Комуникација

Комуникацијата е клучот на секоја среќна врска, а кога довербата постепено изостанува и двајцата започнувате да премолчувате некои работи, кавгите се сè почести. Ниту еден од вас не сака да се оддалечите, но двајцата се затворате во себе и наместо да разговарате за проблемите кои ве мачат, и двајцата бирате да премолчите, а тоа со текот на времето ќе ве раздели.

Заедничко време

Можете ли да се сетите на почетокот на вашата врска? Сигурно едвај чекавте да бидете заедно во секој слободен момент. Сега баш и не сте сигурни кога последен пат сте имале време само за вас. И двајцата имате премногу обврски, а покрај тоа избирате и слободното време да го поминете во активности кои не го вклучуваат вашиот партнер. Во некој момент, на еден од вас тоа ќе започне да му смета и тоа ќе стане една од главните причини за сè почестите кавги.

Треба да знаете
Последни објави