Search

За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, ова е фијаско на сите политики на Филипче

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Венко Филипче

„Венко Филипче секој ден во јавноста докажува дека е министер за зараза и смрт.

Неспособноста на Венко Филипче одзема човечки животи.

За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза. Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики.

Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со КОВИД-19. Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот.

Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот.  Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица. Филипче, оставка веднаш!“

Треба да знаете
Последни објави