Search

За хидроцентралите на Мицкоски предмет отвори ДКСК, фирми должат данок

Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?

Јавноста, граѓаните многу добро знаат дека Државната комисија за спречување на корупција веќе има отворено предмет за неговите бизниси со хидроцентрали.

Особено имајќи предвид дека Мицкоски беше советник на Никола Груевски за енергетика.

Во 2015 година, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добива 33 илјади метри квадратни за иградба на хидроцентрала.

Во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек” била направена промена во сопственичката структура, со пренос на уделите, со што  „Енерготек ДОО Скопје” на Мицкоски во конзорциумот имал удел од 99 отсто.

Втората фирма од овој конзорциум, како посебен правен субјект (Минка ДА) пак се уште се води како должник на државата, со неплатен данок по основ на ДДВ во висина од околу 200 илјади евра.

Што е тоа што Мицкоски го плаши за да одговори на јавно поставените прашања?

Јавноста и граѓаните очекуваат одговор.

Треба да знаете
Последни објави