Search

За хидратизирана, свежа и мека кожа во зимските денови користете глицерин

Глицеринот се користи во фармацевтската и козметичката индустрија. Неговите вредности се бројни, а добро е да се користи во зима, бидејќи е еден од состојките со најефективно својство за лекување на сува и дехидрирана кожа.

Глицеринот настанува со преработка на билна и животинска маст и како нус производ во процес на обработка на нафта и сапун. Станува збор за густа течност од желатин која има сладок вкус и нема мирис. Најмногу од сè се користи во козметичката индустрија и производи како што се кремите, шампоните и регенераторите.

Во зимските денови избирајте производи со глицерин со цел Вашата кожа да биде хидратизирана, свежа и мека. Доколку инаку имате проблеми со сува кожа, тогаш глицеринот е Вашиот спас.

Покрај тоа, глицеринот помогнува во одржувањето на pH рамнотежата на Вашата кожа. Редовното користење на глицерин го намалува губитокот на вода во кожата при што најмногу доаѓа поради испарување. Глицеринот создава слој на влага на Вашата кожа која Ве штети од штетните УВ зраци и ја одржува Вашата кожа здрава, хидратизирана и сјајна.

Глицеринот има и бројни лековити својства и може да делува како природен лек, особено во лекувањето на кожни болести како егзема и псоријаза. Покрај тоа, глицеринот ги разложува протеините во мртвите клетки на кожата и ги отстранува со помош на создавање на нови клетки на кожата.

На пазарот можете да пронајдете бројни козметички производи кои содржат глицерин, а на многу едноставен начин можете да направите третман во домашна атмосфера. Чист глицерин можете да купите во аптека. Една мала лажица глицерин разредете го со две мали лажици вода. Оваа смеса со вата нанесете ја на лицето, вратот и усните и масирајте од 3 до 5 минути. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода.

Треба да знаете
Последни објави