Search

За функционални институции,подготвеност за нов бран на есен, рестарт на економијата,избори се решение

Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3

 

Во клучни моменти, македонското здравство покажа дека има капацитет навремено и ефикасно да се справи со заканите од глобалната пандемија со коронавирусот.Навремените реакции и соодветниот системски пристап допринесе епидемијата да биде ставена под контрола.
Денес, сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност на нашите здравствени работници кое несебично се вложија изминатиов период. Им оддаваме јавно признание и на граѓаните, на мнозинството граѓани кои ги почитуваа мерките за заштита и допринесоа со своите постапки. Оваа криза покажа дека здравството е еден од основните општествени столбови. И секој влог во него е влог за сите нас. Се наоѓаме во крајно комплицирана состојба, без Собрание и со техничка Влада која имаше мандат само за организирање избори. Светската здравствена организација предупредува дека постои ризик од втор бран на вирусот наесен, заедно со сезонскиот грип. Ако оваа состојба продолжи нема да можеме подготвени да го дочекаме новиот бран наесен.
Заради здравството и заради здравјето на граѓаните изборите се решение!

Нашата татковина мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со очекуваниот нов бран на вирусот.
Предлозите за избори токму во пресрет на новиот бран, наесен, се неодговорни и на директна штета на здравјето а луѓето. Функционалните институции се неопходни и за здравјето и справување со новиот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата. Затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.
Опструкциите и блокадите на опозициските функционери во техничката Влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од заштита на здравјето на граѓаните и економските мерки наменети за граѓаните и компаниите.
Таква деструктивност е недозволива! Нема да дозволиме да се наштети на интересите на граѓаните и државата. Време е за избори, за заштита на здравјето на граѓаните, за економијата и демократските институции.
Треба да знаете
Последни објави