Search

За физички напад кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски завршил со казна

Четиристотини евра парична казна му била изречена на кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски поради нарушување на јавниот ред и мир.

Тој во 2016-тата година во спортска сала во одморалиштето „Радости“ во Охрид физички нападнал прилепчанец, кој пак се здобил со телесни повреди од ударите и шлаканиците. Се започнало откако Костовски се обратил со зборовите „Ајде да се тепаш со мене“, по што физички го нападнал прилепчанецот и го отстранил од салата. Сепак, кандидатот за градоначалник, а тогашен советник во Министерството за труд и социјална политика, одговарал единствено за нарушување на јавниот ред и мир по Законот за прекршоци.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати за градоначалници на партијата со сомнително минато.

-Поддржете промени. Поддршката за Дарко Костовски е поддршка за нова иднина, порача претседателот на партијата, Христијан Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави