Search

За Трамп е лажен извештајот за руски исплати на Талибанците

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги окфалификува како „лажни” извештаите дека Русија правела напори за да им плати на талибанските борци за убиства на американските трупи и коалиционите сили во Авганистан, дури и кога неговата администрација продолжува да ги брифира членовите на Конгресот за ова прашање.

„Приказната за руската исплата на награди е само уште една приказната од редот на лажни вести, пласирана само за да ми наштети мене и на Републиканската партија. Тајниот извор веројатно не постои, исто како и самата приказна. Ако дискредитираниот Њујорк тајмс има извор, нека го открие”, напиша денеска Трамп на Твитер.

Портпаролката на Белата куќа денеска повторно го бранеше Трамп, тврдејќи дека тој воопшто не бил брифиран за ова прашање. Претходно Њујорк тајмс, повикувајќи се неименуван американски функционер, објави дека Трамп бил информиран за обидите на Русија во текот на пролетта. Проценката дека Русија им плаќа на талибанските борци, според изворот била поткрепена со „неколку парчиња информации” кои го поддржувале ставот дека имало обид на руската разузнавачка единица – ГРУ – да исплати награда за убиство на американски војници. Изворот вели дека информациите се добиени и од испрашување на притворените на Талибанците и електронско прислушување.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан денеска изјави дека  американскиот претседател Доналд Трамп сега е целосно запознаен со извештајот за напорите на Русија да им плати на талибанците да убиваат американски војници во Авганистан. Тој одби да каже дали на Трамп претходно му биле дадени таквите разузнавачки податоци или тој намерно ги игнорирал.

Треба да знаете
Последни објави