Search

За срцето е важно да пешачите

Луѓето кои прават 15.000 чекори дневно, што е отприлика околу 11-12 километри и оние кои седум часа претежно стојат, имаат најнизок ризик од срцеви заболувања.

Лекарите постојано ја потенцираат важноста за пешачењето, но за да имате добри резултати, потребно е да пешачите многу повеќе од тоа што мислите, вели заклучокот на новата британска студија.

Луѓето кои прават 15.000 чекори дневно, што е отприлика околу 11-12 километри и оние кои седум часа претежно стојат, имаат намален ризик за срцеви заболувања.

Во истражувањата учествуваа неколку стотици работници од пошта, кои добиле уред за следење на срцевата активност. Испитаниците биле поделени во две групи – канцелариски работници и поштари составени од здрави непушачи кои немаат дијабетес, висок крвен притисок, ниту болести на срцето.

Заклучено е дека луѓето чија работа постојано бара седење имаат поголем обем на струкот и поголем ризик од кардиоваскуларни болести отколку работниците на терен.

За секој дополнителен час седење по 17 часот, се зголемува и нивото на лош холестерол, а добриот се намалува

Треба да знаете
Последни објави