Search

За сега нема случаи на заразени од коронавирус во Турција

Министерот за здравство на Турција Фахретин Коџа информира дека во Турција досега нема потврдени случаи на заразени од коронавирус, но според него, не мора да значи дека никогаш нема да има, јави агенцијата Анадолија.

– За сега нема случаи на коронавирус во Турција. Тоа не значи дека нема да има, изјави Коџа за Анадолија, при што информираше и за евакуирањето на турските државјани од Иран со авион.

– Можеме да кажеме дека ниту еден од нашите патници не е позитивен (на коронавирусот), сите се негативни, рече Коџа.

Вкупно 132 турски државјани вчера пристигнаа во Анкара откако беа евакуирани од Иран, каде што беа потврдени 15 смртни случаи од новиот коронавирус.

Коџа истакна дека турските државјани дојдени од иранските градови Машхад и Ком, каде што е епицентарот на овој вирус, се задржани во карантин со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјата.

Турскиот министер за здравство нагласи дека Турција поставила теренска болница на границата со Иран.

Треба да знаете
Последни објави