Search

За само една година цените на недвижностите во Хрватска пораснаа за 10 отсто

Цените на невижностите во Хрватска минатата година пораснаа за 10 отсто, што ја смести земјата на трето место во Европа според поскапувањето на метар квадратен станбен простор.

Податоците на хрватските власти покажуваат дека најскапи се недвижностите во Дубровник, Сплит и Загреб, а најевтини во Вуковар и Славонски Брод, јави дописникот на МИА од Загреб.

Според поскапувањето на недвижностите во Европа, пред Хрватска се само Унгарија и Луксембург.

Загреб како главен град и економски центар е атрактивно место за вложување во градбата на нови станови. Во овој момент таму се градат над 1000, а големите инвестии ги кранаа цените на становите, кои сега изнесуваат над 2000 евра за метар квадратен.

Треба да знаете
Последни објави