Search

За само еден месец во Истанбул заразени над 50 отсто повеќе од Ковид-19

Истанбул е зафатен од нов бран на епидемија на новиот коронавирус. За само еден месец, бројот на случаи во тој турски град е зголемен за околу 50 проценти, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Во септември, епидемијата достигна нов пик во главниот град Анкара, но од почетокот на октомври, бројот на заразени почна да опаѓа.

Според министерот, состојбата на здравствените работници е загрижувачка. Од март, починале 107 здравствени работници – лекари, медицински сестри, негуватели и друг медицински персонал, а повеќе од 40.000 биле позитивни на Ковид-19.

Според здравствените власти, засега не се планира повторно воведување на строгите ограничувања за излегување надвор што беа применети во првата фаза на епидемијата, ниту затворање на границите.

Има нови 1.671 случај на коронавирус во последните 24 часа во земјата, а 57 лица починаа, со што бројот на жртвите од март е 9.014. Од денеска се планира да бидат објавувани резултатите од извршените тестови на пациенти без симптоми, а не само на оние со утврдени симптоми како досега.

Треба да знаете
Последни објави