Search

За пребрзо возење казнети 68 возачи

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди четири лица се здобиле со лесни телесни повреди.

68 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 10 возачи бидејќи шест го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, тројца биле возачи почетници и еден го управувал возилото под дејство на алкохол. Три возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, 12 не поседувале зимска опрема во возилата, еден не користел сигурносен појас и девет користеле мобилен телефон додека го управувале возилото. Во текот на изминатиот ден издадени се 101 мандатни платни налози, додека исто така 70 возила се подигнати со „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави