Search

За прв пат по две недели, во Јапонија регистрирани помалку од 1.000 новозаболени

Јапонското Министерство за здравство објави дека се потврдени 842 нови случаи на „Ковид-19“.

Ова е прв пат во последните 13 дена бројот на зарази за 24 часа да е помалку од илјада.

Во главниот град на Јапонија, Токио, потврдени се 196 нови случаи на инфекција, што е првпат во последните две недели бројот на новозаразени да биде помал од 200, пренесува „Си-ен-ен“.

Од последиците од коронавирус во Јапонија починаа уште 5 лица.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Јапонија се потврдени 49.630 случаи на инфекција, а починале најмалку 1.065 лица.

Треба да знаете
Последни објави