Search

За прв пат од 1995-та, осум тенисери на 25 години и помлади влегоа во Топ 10 на крајот на годината

Тениската професионална асоцијација го објави рејтингот во пресрет на крајот на годината. За прв пат од 1995 година, осум играчи од 25 години и помлади влегоа во Топ 10 на крајот на годината.

Повеќе од 25 години од првите десетмина на АТП ранг листата имаат само првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (34 години) од Србија и Швајцарецот Рафаел Надал (35 години) кој се наоѓа на шестото место.

Четворица играчи (Данил Медведев 25 год; Александер Зверев 24; Стефанос Циципас 23 и Андреј Рубљев 24) во Топ 5 на крајот на годината имаат 25 години или помалку – ова се случи за прв пат од 2009 година.

Другите четворица во Топ 10 се и: Матео Беретини (25 год), Каспер Руд (22), Хуберт Хуркач (24) и Јаник Синер (20).

Просечната возраст на десетте најдобри во светот е помала од 26 години (25,6) – најмлада од 2009 година (25,0).

Треба да знаете
Последни објави