Search

За прв пат заеднички настап на фирмите од регионот

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и копретседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески во придружба на потпретседателката на Комората д-р Елена Милевска Штрбевска, учествуваа на отворањето на меѓународниот саем во Тирана на кој на заеднилкиштнад во организација на КИФ учествуваше 31 компанија од шестте земји од Западен Балкан. Во рамки на македонската делегација, претставниците на „Пекабеско“ АД Скопје, „ИМВ“ Битола, „Кораб Трница“, „АгроВардарие“, „Тим Ентерпрајс“ и „БиомарелШитаке“, преку Б2Б средби, промоции, дегустации,ги презентираа своите производи и потенцијалите за продлабочуање на соработката на пазарите во останатите земји од Западен Балкан. Во присуство на амбасадорот на РС Македонија Н.Е. Данчо Марковски, претседателот Азески оствари разговори со бизнис делегацијата и околу можностите и програмите што ги нуди Коморскиот инвестициски форум за бизнис секторот. По паузата минатата година, Меѓународниот саем во Тирана преставува добра можност за компаниите од регионот на ЗБ6 да ги презентираат своите производи, да ги зајакнат постојните и истражат нови можности за извоз, како и  да воспостават нови деловни односи со партнери од Албанија, останатите земји од Западен Балкан или пак други земји. Во рамки на саемските активности Претседателот на Комората Бранко Азески заедно со господин Светозар Јаневски, член на бизнис советот на КИФ, остварија деловни средба со истакнатиот албански бизнисмен Васил Наци и најуспешните албански бизнисмени.Во текот на денешниот ден Азески заедно со заменикот на претседателот во Владата на РСМ задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции м-р Фатмир Битиќи во Тирана ќе остварат дополнителни деловни средби.

 

 

Треба да знаете
Последни објави