Search

За почист воздух во Скопје досега се доделени 7.530 субвенции за инвертери

Во последните три години, Град Скопје има досега доделено вкупно 7.530 субвенции за инвертери: 1.379 во 2019, 5.002 во 2020, и 1.667 субвенции во 2021 година.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов истакна дека во следниот мандат ќе се издвојат еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години.

„Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Шилегов истакна дека ќе се зголемат двојно и субвенциите за велосипеди, односно, следните четири години ќе се доделат 30.000 субвенции за велосипеди.

Благодарение на политиките на Градот Скопје да доделува илјадници субвенции за инвертери, и илјадниците повторно приклучени домови кон централното парно греење, во Скопје има над 10 илјади оџаци што не чадат, и аерозагадувањето бележи континуиран пад.

Треба да знаете
Последни објави