Search

За половина час регистрирани три земјотреси во Турција

Три умерени земјотреси се регистрирани доцна синоќа во Турција, во интервал од само половина час.

Првиот потрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23:14 по локално време, на 127 километри југозападно од Бурса. Вториот земјотрес, со интензитет од 4,5 степени е евидентиран 10 минути подоцна, во истиот регион. Третиот потрес, со јачина од 4,4 степени, повторно со истиот епицентар, бил регистриран 30 минути после првиот.

Регистрирани се и голем број вторични потреси, со магнитуда под 3 степени по Рихтеровата скала.

Треба да знаете
Последни објави