Search

За подароците на Јанева биле собрани околу 4.000 евра во СЈО

Парите според нашите извори, требало да бидат наменети за свадби, за раѓање деца, за хуманитарни цели, за болести… Но некои од вработените добиле од овие пари, а некои од нив, иако требало, како што претходно било договорено, не добиле ниту денар од нив. Собраните средства биле под контрола на Катица Јанева- пишува МКД.

Нашите извори сведочат дека дел од овие пари ѝ бил даден на една вработена за болест на роднина, како и на ќерка на вработена за свадба… Но немале сите подеднакво право на „колективниот фонд“. Освен овие пари, вработените во СЈО за родендените на тогашната шефица, Јанева, како и за годишнините од институцијата со која таа раководеше, собирале по плус 2.000 денари. За подароците на Јанева биле собирани околу 4.000 евра.

Според наши информации, Јанева испратила писмо до СЈО со кое бара овие пари таа да ги искористи за да ја плати одбраната во случајот „Рекет“. Осомничената Јанева утре треба да даде исказ за овој случај, но овој пат како обвинета. Таа еднаш беше повикана во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но како сведок.

Утре таа првпат ќе биде спроведена пред обвинителката Вилма Русковска од притвор, со полициска придружба и со лисици на рацете.

 

Треба да знаете
Последни објави