Search

За опозицијата не е професионално да се менува изборниот модел пред избори

Договарањето на нов изборен модел на неколку месеци пред изборите е несериозно, непрофесионално и тоа не треба да го правиме, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарско прашање.

-Имаме закажани избори, па од било кој аспект – од правен, од човечки, од аспект на граѓаните коишто треба да гласаат на овие избори, едноставно не е добро да го правиме тоа во моментов. Како ќе се одвиваат понатаму работите по изборите и по формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе оставиме времето да покаже, рече Јанушев.

Запрашан како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави во Собранието, по најавите дека и без консензус се подготвува да се оди на измена на моделот, Јанушев рече дека тоа е уште еден груб обид за манипулација како со помалите партии така и со граѓаните во Република Македонија.

-И Заев е свесен дека без консензус меѓу релевантните политички партии едноставно е невозможно да помине промена на изборниот модел. Тој е свесен дека нема да помине, меѓутоа се обидува да ги изманипулира граѓаните и помалите партии. Во однос на нашиот став добро познат, повеќе пати особено во периодот повторуван нашиот предлог останува ист мнозински со 120 изборни единици и нормално со заеднички консензус да се изгради сето тоа заедно со останатите релевантни политички субјекти, рече Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави