Search

За неверување: Дончиќ бил оценет дека е неталентиран од овој клуб

Словенецот Лука Дончиќ, кој гази на кошаркарските терени во НБА лигата, дефинитивно станува еден од најголемите таленти што воопшто заиграл во најсилната лига во светот. Но, како Дончиќ пристигна во НБА од редовите на Реал Мадрид и како успеа да заигра на високо ниво за кои некои кошаркари им треба дури и по неколку години.

Минатиот период на Дончиќ и не е така сјаен, ако се знае дека неговиот татко се трудел да му најде тим кој неговиот син ќе се развива. Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Мирко Миличевиќ ја откри целата приказна околу првиот пропаднат трансфер на младиот Дончиќ.

Тој заедно со неговиот татко го земале 13-годишниот Лука и го однесле во турски Галатасарај. Кога пристигнале во Турција, стручниот штаб на клубот не сакале да го земат со изговор дека нема што да прават со него. Тогаш Миличевиќ се слушнал со тренерот на Реал Мадрид, Алберто Ерерос кој ја препознал идната ѕвезда во младиот Дончиќ.

Така заврши успешната приказна на младиот Словенец, а стратезите на Галатасарај којзнае што мислат во моментот за грешката која ја направиле.

Треба да знаете
Последни објави