Search

За Москва плановите на ЕУ да формира суд за воени злосторства се нелегитимни

Кремљ денеска ги осуди плановите на Европска Унија за формирање на Трибунал за воени злосторства поради руската инвазија врз Украина, истакнувајќи дека такво тело би било нелегитимно и неприфатливо за Москва.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера најави дека ЕУ ќе се обиде да формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, за да ги истражи и гони евентуалните воени злосторства извршени од руските сили во Украина.

– Што се однесува до обидите да се формира некаков суд, тие нема да имаат легитимитет, нема да прифатиме и ќе го осудиме тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Западот и Киев се залагаат за формирање на специјален суд за кривично гонење на руските воени и политички лидери кои ги смета одговорни за војната, како и за сторителите на воени злосторства.

Русија негира дека извршила воени злосторства и ги обвини украинските сили за кршење на меѓународното право и Женевските конвенции за време на, како што Москва ја нарекува својата „специјална воена операција”.

Треба да знаете
Последни објави