Search

За локалните избори во БиХ пријавени 587 политички субјекти

За локалните избори во Босна и Херцеговина се регистрирани 587 политички субјекти, од кои 135 се политички партии, соопшти денеска Централната изборна комисија.

Рокот за пријавување истече во петокот попладне.

На изборите ќе учествуваат 47 кандидати од националните малцинства, 20 од граѓанските групи, двајца од здруженија на граѓани, 383 се независни кандидати и 135 од политички партии, објави денеска сараевскиот портал Кликс.

Во оваа бројка не се вклучени и апликациите што Централната изборна комисија на БиХ ги примила по пошта, по завршувањето на рокот.

Локалните избори во БиХ се распишани за 15 ноември, но не е исклучена можноста тие да се одложат до средината на декември.

Треба да знаете
Последни објави