Search

За Кајри Ирвинг заврши сезоната

Кошаркарот на НБА-лигашот Бруклин, Кајри Ирвинг ќе биде подложен на операција на десното рамо и ќе го пропушти остатокот од сезоната 2019/20. Одлуката е донесена по посетата на специјалист од страна на Ирвинг во изминатите неколку дена.

Ирвинг претходно пропушти 26 натпревари од тековната регуларна сезона поради проблеми со рамото, но се врати во средината на јануари.

Во дебитантската сезона за Нетс, Ирвинг одигра 20 натпревари постигнувајќи 27,4 поени, 5,2 скока и 6,4 асистенции во просек по натпревар.

Треба да знаете
Последни објави