Search

За иднината на Венецуела ќе се преговара во Рим, тврдат руски медиуми

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, би требало да се состане во Рим со американскиот специјален пратеник за Венецуела, Елиот Ебрамс, објави рускиот весник „Независимаја газета“.

Рјабков изјавил дека во таа прилика ќе го предупреди Вашингтон против воена интервенција и други форми на нелегално влијание врз легитимните власти во Каракас.

Заменик-директорот на руската Академија на науките, од Институтот за Латинска Америка, Дмитриј Розентал, го нарекол состанокот „позитивен чекор“ кој може да спречи венецуелската криза да ескалира во вооружен конфликт, објави агенцијата „Тасс“.

„Русија и САД можат да понудат мировен предлог со цел политичкиот конфликт да не се претвори во воен“, истакнал професорот, додавајќи дека сепак не треба да се има високи очекувања од средбата, бидејќи Москва и Вашингтон имаат различни ставови и пристапи за решавање на политичката криза во јужноамериканската земја.

Треба да знаете
Последни објави