Search

За една недела „пајакот“ во Центар кренал 81 возило

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопјe изминатата седмица санкционираа 164 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 31.07. до 06.08.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 81 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 83 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Треба да знаете
Последни објави