Search

За една недела казнети 317 несовесни возачи во Центар

Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со скопската сообраќајна полиција во текот на минатата недела санкционирале 317 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 07. до 13. октомври, со помош на специјалните возила ‘пајак’ на ПОЦ отстранети се 147 непрописно паркирани возила, од кои 43 несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство блокатор санкционирани се 170 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, информираат од јавното претпријатие.

Од ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста.

Треба да знаете
Последни објави