Search

За една година половина милион верници ја напуштија црквата во Германија

Во период од една година, половина милион Германци одлучија официјално да ја напуштат црквата односно еднаков број на католички и евангелиски верници, по 250.000 „се отпишале” од црквата,

– Бројката е импресивна, тоа е како да имате град со големина на Хановер или Дрезден, каде сите граѓани одеднаш ќе одлучат дека не сакаат да бидат верници, изјави најпознатиот експерт за црквени прашања во Германија, Тилман Клајнјунг.

Тој додаде дека финансиските афери и скандали со кои се соочи црквата, не само што и наштетија на нејзиниот углед, туку и го олеснија заминувањето на многу луѓе.

Томас Штернберг, член на Централниот комитет на Католичката црква истакна дека причината за напуштање на црквата е тоа што луѓето се лути, бидејќи црквата не ги спровете реформите што ги вети, а луѓето повеќе не и веруваат.

Епископот од Вирцбург, Франц Јунг изјави дека „црквата треба да се занимава со реални проблеми, а териториите каде делува, да се занимава со прашања што предизвикуваат очај кај луѓето и да признае дека направила грешки, како на пример сексуален напад”.

Претседателот на Советот на германската Евангелистичка црква, Хајнрих Бедфорд истакна дека црквата не може да ги чека луѓето да се вратат и дека мора да ги преземе работите во свои раце за да ја врати довербата кај луѓето.

Во Германија луѓето кои повеќе не сакаат да се дел од црквата мора да пополнат формулар, да платат симболична сума на пари и на тој начин се сметаат за „отпишани од црквата”.

Треба да знаете
Последни објави