Search

За еден квадрат од стан платил 131.000 евра

За еден квадрат од стан платил 131.000 евра

Стан во Хонг Конг е продаден за рекордни 70,1 милиони евра, со што стана најскап апартман во оваа поранешната британска колонија, а најверојатно и во цела Азија, објавија локалните медиуми.

Неименуваниот купувач платил 131.000 евра за метар квадратен од станот, со површина од 532 метри квадратни во станбениот кварт Мид-Левел на островот Хонг Конг.

Станот се наоѓа на 46 кат на еден облакодер и има тераса од 163 метри квадратни, од која има прекрасен поглед.

Досега највисоката цена на стан во Хонг Конг од 470 милиони хонгконшки долари (55,4 милиони евра), беше платена за цел осми кат во дванаесеткатницата „Опус Хонг Конг“, изградена во 2012 година според проектот на легендарниот американски архитект Френк Гери.

Треба да знаете
Последни објави