Search

За еден ден во Скопје хоспитализрани се 65 нови пациенти од корона вирусот

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 459 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, шест во ковид центарот на Клниката за Неврологија, исто толку пациенти се примени на Клиниката за нефрологија, четворица болени се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а еден во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 28 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 17 лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 24 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести еден пациент
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 100 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 9 деца и 31 возрасни.
Вкупно 459 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Од утрово ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети ќе се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19. Од 8 часот почна да работи ковид одделението на Клиниката за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е прошитен за 20 нови места и
капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.
Треба да знаете
Последни објави