Search

За „Диамед” ВМРО-ДПМНЕ да ги праша Груевски и неговиот кум, а потоа да одговори- Дали Камчев финансирал изборна кампања?

СДСМ со соопштение за јавност реагира на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„На ВМРО-ДПМНЕ веќе му стана пракса веднаш кога ќе се открие криминал во нивните редови, да измислуваат случаи и неосновано да обвиниуваат други лица. Сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Диамед”, стојат токму Никола Груевски и неговиот кум од првиот брак Ристе Новачевски, за што истрага води и Обвинителството за организиран криминал.
Официјални податоци укажуваат дека истиот ден кога од фирмата за дијализа „Диамед” биле префрлени 9 милиони евра во Монако, Новачевски, кумот на Никола Груевски од првиот брак, отворил сметка во Монако. За фирмата „Диамед” ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати во Будимпешта кај Груевски и во Монако кај неговиот кум Новачевски. Наместо да си ја ишка мувата од капата од овој случај, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори на јавно поставеното прашање:
Дали, тајкунот произлезен од режимот и обвинтен во предмети на СЈО, Орце Камчев, преку негови фирми ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори?“

 

Треба да знаете
Последни објави