Search

За десет дена во Македонија има 1141 новозаболен и 31 починат од корона, а на Заев пропритет му се избори на 5 јули

Во ден кога Македонија бележи црни бројки од 125 нови заболени и 7 починати Зоран Заев зборува за избори на 5-ти јули.

Тоа само покажува колку се одлепени од реалноста и СДСМ и Зоран Заев. Наместо прв приоритет да им биде здравјето и животите на граѓаните, тие прават партиски калкулации да се одржат брзи избори на кои би изгубиле помалку, макар и по цена на човечки животи.

СДСМ поради неодговорното однесување и терањето кампања во време на епидемија создаде кластер од нивни функционери, а сега зборуваат за изборна кампања во која може да се заразат илјадници други граѓани на Македонија.

Само од почетокот на јуни навака, откако Заев и СДСМ зборуваа за некаква лажна нова нормалност во Македонија има 1141 новозаразен и 31 починат.

Крајно неодговорно и безобразно од страна на Заев и СДСМ.

Наместо политиката и изборите, врвен приоритет треба да им биде справувањето со епидемијата. Македонија по справувањето со епидемијата е рангирана меѓу најлошите во светот, рекордери сме на Балканот по заразени и починати од корона вирус на еден милион жители. Овие црни параметри сепак не го спречуваат Заев Македонија да ја претвори во европски Вухан, само и само да ја спаси својата политичка кариера.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Здравјето и животите на граѓаните мора да бидат пред се. Заев порано или покасно ќе изгуби на избори, затоа што во овие три години хибриден режим создаде галопирачка корупција, криминалитет и сиромаштија. Граѓаните тоа го гледаат и тоа ќе го казнат.

Треба да знаете
Последни објави