Search

За две години просечната плата во образованието порасна за над 2.000 денари, на прав пат сме

СДСМ како одговорна партија останува посветена на мерките што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во секое семејство. Заложбите за повисоки плати во сите сектори даваат реални резултати.
За само 2 години, просечната плата во образовението е зголемена за над 2.000 денари. Просечната плата за август во образованието изнесува 24.352 денари, додека во мај 2017 таа изнесувала, 22.236 денари. За разлика од ваквото зголемување, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата за цели седум години пораснала за едвај 850 денари, односно од 21.385 кога изнесувала во мај 2010 на 22.236 денари во мај 2017.
Со зголемувањето на платите во образованието го мотивираме наставниот кадар да остане во образованието, но и да работи на унапредување на наставнит процес. Платита во сите секотри, вкличително и образовнието ќе продолжат да растат, затоа што тивирани, успешни наставници и среќни и задоволни ученици остануваат врвен приоритет за СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави