Search

За време на трка на Водно, ,,југо” удри во ѕид и повреди две лица

За време на трка, ,,југо” удри во ѕид и повреди две лица

За време на трка на падините на Водно, возач на ,,југо” удрил во ѕид, по што повредил две лица. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 11,45 часот. Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи „југо“ изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во Ј.Н.(39) и А.М. (38) од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави