Search

За време на протестите во Франција се одржа и Марш за климата во Париз

Паралелно со демонстрациите на движењето „жолти елеци“, кои на моменти беа насилни, во Париз и во други француски градови, денеска се одржа и Марш за климата, пренесуваат француските медиуми.

На Маршот за климата, кој помина во мирна атмосфера, се собраа различни групи на приврзаници, од кои поголем број жени и повозрасни лица, како и деца, додека на протестите на „жолтите елеци“ во главно учествуваа мажи, пренесе АП.

За време на денешните масовни и насилни протести уапсени околу 799 луѓе, од кои 575 во Париз, меѓу нив 272 лица се задржани во полиција.

Треба да знаете
Последни објави