Search

За време на мечевите од ЕП одиграни во Лондон се уапсени 96 навивачи

Британското Министерство за внатрешни работи ја објави годишната статистика на апсења поврзани со фудбалски натпревари во која се наведува дека полицијата за време на натпреварите одиграни ова лето на стадионот „Вембли” во рамки на ЕУРО 2020 привела 96 луѓе.

Од оваа бројка, 85 лица биле приведени на натпреварите на англиската репрезентација, а други шест на полуфиналниот натпревар меѓу Италија и Шпанија.

Британските медиуми како интересен го посочуваат податокот дека само 39 лица биле лишени од слобода за време на финалето меѓу Англија и Италија, иако околу 5.000 хулигани без влезници влегоа на стадионот, пробивајќи ги безбедносните кордони, и предизвикаа немили сцени.

Во инцидентите што притоа се случија беа повредени 19 полицајци.

Треба да знаете
Последни објави