Search

За време на викендот подигнати со пајак 152 возила

Во текот на 20, 21 и 22.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 72 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 114 возачи, од кои: 50 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 53 возила, од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и 52 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи поради неправилно престигнување, 16 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 19 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 194 мандатни платни налози и 152 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Треба да знаете
Последни објави